Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум

1 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.

- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.

Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.

-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ