Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Македонија

26 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Партиите застапени во парламентот најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата.

Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се наведува, „се низата антибугарски изјави на водечките политичари во Република Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и „одбивањето на РСМ да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата денеска ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница.

- Најважното што го даваме како знак е дека бугарските политичари, бугарската држава, сите партии се обединети кога е во прашање добрососедството меѓу двете земји и секој што ќе го прекрши треба да си сноси одговорност, изјави Борисов. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ