Игор Деспотовиќ (25) е уапсен денеска во Белград под сомнение за терористичко здружување, по крвавиот напад пред израелската амбасада од страна на Милош (Салахудин) Жујовиќ.
- Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува забор за Игор Деспотовиќ од Белград, роден 1999 година, кој веќе бил апсен пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на интернет кои повикувале на џихад, изјави Дачиќ.
- Постапката против него се уште трае, а тој е пуштен од притвор. Потоа продолжил да комуницира со екстремисти, така што секојдневно имал комуникација со убиениот терорист Жујовиќ, поради што се сомнева дека директно учествувал во логистичката поддршка и организирање на овој терористички чин. Продолжува полициската акција на повеќе локации во Србија, изјави министерот Ивица Дачиќ.
- Обвинетиот Игор Деспотовиќ е осуден на затворска казна во траење од три години во која е опфатено времето поминато во притвор, како и времето поминато на мерката забрана за напуштање на станот со примена на електронски надзор, образложено е претходно годинава.
Како што е наведено во обвинението против него, Деспотовиќ во разумна состојба, континуирано и јавно, преку видео снимки, фотографии и текстови, изнесувал и ширел идеи кои директно го поттикнувале извршувањето на тероризмот.
- Се сомнева дека од почетокот на март 2020 година до 5 февруари 2022 година администрирал на повеќе социјални мрежи, односно прво отворил, а потоа управувал со неколку сметки, а во делот од сметката што е јавен и достапен за сите корисници, објави серија текстуални содржини видеа и фотографии кои ја величат организацијата Исламска држава, се наведува во обвинението.
Деспотовиќ е апсен и во акција на БИА во 2017 година кога подготвувал терористички напад и објавувал пораки за поддршка на Исламската држава, но пишувал и упатства за труење на немуслиманското население со гас „сарин“!
Деспотовиќ веќе е осудуван за слично дело во 2018 година под сомнение дека планирал напад со камион во центарот на Белград. Тогаш радикалниот исламист Деспотовиќ беше уапсен во 2017 година во акција на БИА кога се подготвуваше да прегази луѓе во центарот на Белград со камион по моделот на терористичкиот акт во Барселона.