Благородниот гест на млад човек од белградската населба Карабурма брзо се прошири на мрежите и буквално го трогна регионот, а сето откако ќерката на постар брачен пар јавно му се заблагодари на социјалните мрежи, бидејќи на нејзините родители во аптека им купил лек од 1.500 динари за кој тие немале пари.
Емпатијата и великодушноста што овој млад човек ја покажал кон своите сограѓани е наградена со многу позитивни коментари.
„Денеска во Карабурма, во аптека, моите родители на 84 и 88 години немале доволно пари со себе за сите лекови и го вратиле лекот од 1.500 динари. На пат кон дома ги стигнало момче кое стоело зад нив во редот во атптеката, ги слушнало и им го купило лекот!, напишала личноста која стои зад профилот „Куке и мотике“.
„Трогнати од неговиот гест, и двајцата заплакаа, а и јас кога ми кажаа. Не знам кој е, не го знам ни името, но огромна благодарност. Би сакал да му се заблагодарам и да му се оддолжам“, напишала жената.
Коментарите за младиот човек се ределе, а реченицата која најмногу се повторувала е дека „сè уште има вистински луѓе“.
„Постапката на тој тип е навистина достојна за голема почит. Да гледаме и да научиме, се разбира ако имаме“, „Овој народ ќе живее додека има толку добри души“, „Да се живи и здрави твоите родители!“ „Луѓето се секогаш луѓе. Секогаш ќе ги има“, „Уште има вистински луѓе“, се само дел од коментарите.