Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 20 часот и 11 минути во Албанија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран 32 километри источно од Тирана и 25 км североисточно од Елбасан, во областа со географски координати на географска ширина 41.315 и географска должина 20.202.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на <a href="https://www.emsc-csem.org/Earthquake_information/earthquake.php?id=1756879">Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, </a>се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.