За жал, со ваква констатација ќе мора да се помират навивачите на Манчестер Јунајтед затоа што во овој момент обични гостувања кај екипи како Вулверхемптон едноставно значат пораз. И тоа без даден гол, а со погодоци примени директно од корнер, или пак во ситуација два на еден во контра напад.
Да, конечните 2:0 за Вулверхемптон вечерва се доволен показател за она што игра, односно не игра Манчестер Јунајтед. И тоа во меч во кој цело полувреме играше со играч помалку затоа што Бруно Фернандеш го доби третиот црвен картон сезонава.
Вулверхемптон тоа го искористи и поведе со голот на Чунха, директно од корнер, откако Онана реагираше почетнички.
Јунајтед и со десетмина тргна да направи нешто, нормално тоа не се случи, а во последните секунди од дуелот, една одлично одземена топка дојде до стрелецот Чунха, а овој несебично за Хванг Хи Чан кој ги постави конечните 2:0.
ASSISTÊNCIA DE MATHEUS CUNHA E HWANG MATA O JOGO!
WOLVES 2-0 MANCHESTER UNITED!pic.twitter.com/XlaE7gLEYe
— Curiosidades PL (@CuriosidadesPRL) December 26, 2024