Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Верувале или не – 22 фудбалери си заминаа од Арсенал!

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Денеска е денот кога истекуваат договори на многу фудбалери во светот на фудбалот, а Арсенал верувале или не ќе остане без 22 играчи.

Играчкиот кадар ќе биде значително намален бидејќи голем број играчи веќе бараат нов клуб, а има и такви кои имаа некаква улога во тимот на Емирати.

Најголем дел од овие фудбалери се млади играчи кои не успеале да добијат договор, а веројатно најголемото име е Мохамед Елнени. Египќанецот пристигна во клубот во 2016 година, а сега дојде време 31-годишниот заден играч од средниот ред да го напушти тимот. За Арсенал има 161 натпревар.

Еден од оние кои заминуваат е и Седрик Соареш, тој не играше премногу за Артета.

Ова е списокот на сите играчи кои заминуваат од Арсенал: Мохамед Елнени, Седрик Соарес, Роел Волтерс, Амарио Козиер-Дабери, Кидо Тејлор-Харт, Артур Оконво, Мауро Бандеира, Омари Бенџамин, Луис Браун, Каталин Сириан, Ноа Купер, Хенри Дејвис, Ови Еџери, Тејлор Форан, Џејмс Грајберт Хилсон, Хенри Џефкот, Тајрис Џон-Џулс, Алекс Кирк, Џејмс Ланин-Свит, Камарни Рајан и Били Вигар.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ