Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Вечерва се игра најскапото турско дерби во историјата

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вечерва во 6 коло на турската Суперлига се игра големото дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај. Тоа ќе биде прво дерби на Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче, а воедно и прво истанбулско дерби на новиот напаѓач на Галатасарај, Виктор Осимен. Фенербахче собраа 13 поени досега затоа што имаат четири победи и едно реми, а со вечерашна победа Жозе Мурињо би станал првиот тренер кој собрал 16 поени по првите шест меча во лигата.

Со победа Фенер би го запоседнал врвот кој моментално го држи Галатасарај со 15 бодови, односно ги има сите пет победи. А Фенер на последните три натпревари победи без да прими гол (10:0 гол разлика).
Виктор Осимен го засили Галатасарај откако претходно не му успеа да направи трансфер во Саудиска Арабија. Нигериецот беше отстранет од првиот тим на Наполи, па немаше избор освен да ја прифати понудата на Галата. Тој дебитираше во победата над Ризе со 5:0 и запиша само асистенција.
Вториот меч му е големото дерби. Неговиот партнер во нападот Мауро Икарди е повреден и нема да настапи на овој меч.

Турски „Fanatik“ пишува дека ова е најскапото дерби во историјата затоа што вкупната вредност на играчите на двата клубови е околу 520 милиони евра. Тоа е највисока вредност на тимовите во нивната историја.

МОЖНИ СОСТАВИ
Фенербахче: Ливаковиќ – Мерт, Сојунџу, Џику, Остерволде – Фред, Исмаил – Тадиќ, Шимански, Максимин – Џеко
Галатасарај: Муслера – Каан, Санчез, Абдулкерим, Џејкобс – Тореира, Сара – Јунус, Мертенс, Бариш – Осимен


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ