Бојан Миовски и Џирона остварија уште една победа во Ла Лига, овој пат исклучително вредна на гостински терен против екипата на Хетафе од 0:1. Миовски беше стартер во гостинскиот состав и остана на теренот 73 минути, пред да биде заменет од искусниот Стуани.
Џирона до победата дојде со голот на Ерера постигнат во 42. минута. За Џирона ова беше втора последователна победа со која дојде до средината на табелата.