Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ПСЖ и Монако во Катар ќе се судрат за трофејот во Суперкупот

12 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Натпреварот од Суперкупот на Франција може да се одигра во Катар.

Француската професионална фудбалска лига (LFP) ја разгледува опцијата натпреварот да се одржи во Доха и е во преговори со катарските власти. Договорот се уште не е потпишан.

Првично, натпреварот за Суперкупот на Франција беше планиран да се одигра во Пекинг на 8 август и се совпадна со 60-годишнината од воспоставувањето на француско-кинеските дипломатски односи. Средбата беше одложена бидејќи организаторите не добија конечна дозвола за одржување на натпреварот во Кина.

Доколку се постигне договор со Катар, мечот ќе се одигра во јануари 2025 година. За трофејот ќе се натпреваруваат шампионот и освојувач на Купот на Франција, ПСЖ и вицепрвакот Монако.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ