Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Валверде и Вини го вратија Реал на победнички патеки

5 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По два натпревари без победа (ремито со Атлетико и поразот кај Лил), европскиот првак Реал (М) ја запиша шестата сезонска победа во Ла Лига. Вечерва на домашен терен, „кралевите“ со 2:0 го побведија Виљареал и останаа непоразени во домашниот шампионат и по девет кола.

Федерико Валверде со голот во 14. минута, по асистенција на Модриќ, ги доведе домашните во водство, а одлуката за победата падна во 73. минута, кога стрелецот на првиот гол Валверде асистираше, а Винисиус погоди за 2:0.

Виљареал и со овој пораз останува на 3. место на табелата, барем до утрешниот настап на Атлетико (М).


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ