Раководството на германскиот бундеслигаш Хофенхајм донесе одлука да го разреши Пелегрино Матарацо од функцијата главен тренер на клубот.
„Оваа одлука не беше лесна, особено ако се земе предвид дека во последните неколку недели откако го презедов директорското место, имав многу добар и отворен дијалог со Рино. Би сакал да му се заблагодарам за неговата посветеност во клубот и да му посакам се најдобро во иднина“, изјави спортскиот директор на Хофенхајм, Андреас Шикер.
Френк Фрелинг и Бенџамин Губнер ќе работат со главниот тим за време на репрезентативната пауза. Моментално Хофенхајм се наоѓа на 15-то место во поредокот на германската Бундес лига, откако по десет одиграни кола собра девет бода.