Легендарниот тренер на НБА тимот Сан Антонио Спарс, Грег Попович (75) доживеал благ мозочен удар пред натпревар одигран на 2 ноември, пренесуваат американските медиуми.
Спарс дури денеска ја објавија веста за здравствениот проблем на Попович бидејќи сакаа да ги испочитуваат желбите на семејството на Попович.
Се очекува тренерот на Спарс да закрепне, процесот на рехабилитација е започнат. На негово место доаѓа помошниот тренер Мич Џонсон, а засега нема индикации дека управата на Сан Антонио ќе бара нов тренер.
Попович е заштитно лице на Сан Антонио Спарс уште од 1996 година, кога првпат стана тренер. Во Тексас пристигна во 1988 година како помошник на познатиот тренер Лери Браун, а потоа работеше како генерален директор на Спарс. Како тренер, тој освои пет шампионски титули во НБА - во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Попович е дете на татко Србин и мајка Хрватка.