Откако и дефинитивно се знае дека до крајот на годината Баерн Минхен не ќе може да смета на Хари Кејн, Кингсли Коман и Алфонсо Дејвис поради повреди, вечерва од таборот на баварскиот гигант официјална информација дека и голманот Мануел Ноер ќе биде во “аут“ најмалку еден месец.
Имено искусниот голман се здобил со скршеница на ребрата.
Ова официјално го кажа и тренерот Винсент Компани на денешниот прес во пресрет на утрешниот дуел со Шахтјор во Лигата на Шампионите.