Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо ја напушти Турција со пет куфери: Немам стопер, немам лев бек…

25 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Fenerbahçe SK

Кога ќе го доведете Мурињо, точно знаете што сакате – трофеи. Фенер токму тоа го бараше од најдобриот тренер на денешницата, но на актуелниот тим на Фенер му е тешко да му парира на Галатасарај.

Мурињо често беше критикуван, но и бројни ѕвезди на Фенер, јасно е дека некои шанси лесно се пропуштаа, дека се излеаја бодови кои требаше да се освојат. Мурињо смета дека се потребни повеќе засилувања за да може да биде во чекор со градскиот ривал.

Португалецот беше виден на аеродромот во Истанбул со пет куфери. Поради здравствени проблеми ја напушти Турција и се врати во Англија. Празниците не се онакви какви што замислуваше, особено не поради -8 против Галата, но знаете Жозе, нема предавање кај него.

Иако Фенер е тимот кој примил најмалку голови во првенството, Португалецот не можеше да ги избегне критиките, но како и секогаш ги пронајде ’виновниците’. Сезонава за виновник ја смета судиската организација во турската Суперлига, како и немањето квалитетни играчи на некои позиции.

„Немам број 10, немам стопер, немам лев бек“, наводно му рекол Мурињо на Али Коч при излегувањето.

Според него, Галатасарај има одличен тим, па на претседателот на клубот му рекол: „Се плашам да кажам, но мислам дека Галата ќе биде шампион“.

Фенербахче се враќа на терените на 5 јануари со мечот против Хатајспор. Ќе видиме дали Мурињо ќе биде на клупата.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ