Во опширно интервју во денешна „Газета Дело Спорт“, напаѓачот на Интер, Маркус Турам, ја искажува својата увереност дека клубот каде што настапува е еден од најдобрите во Европа, и дека неговите игри едноставно го плашат противникот.
Според Турам, Интер е во топ петте клубови во Европа, и реално во ниту еден момент не помислил да ја искористи откупната клаузула во неговиот договор и да си замине од Милано. Затоа што тој едноставно се чувствува убаво таму.
„Имам целосна доверба во Интер. И ова е благодарение на луѓето околу мене, соиграчите, тренерот, клубот“ – изјави Турам, а потоа се осврна на неговиот татко легендарниот Лилијан Турам.
„Тој е основата за се што ми се случи. Со него штедам време, еден збор од него е како две три недели работа со друг. Тоа што сум син на Лилијан на моменти беше товар, но татко ми ме имаше подготвено. „Ќе те судат по презимето, ќе речат дека си тука само затоа што си мој син“. Не беше убаво кога бев дете да слушам непријатни работи од родителите на децата со кои играв. Јас би одговорил вака. „Видете, ако постигнам гол, тоа не е затоа што противничкиот голман се трга од голот за да му дозволи на синот на Лилијан да постигне гол“ – рече Турам, па поеинтираше.
„Јасно ќе кажам, дека никогаш нема да се случи да го напуштам Интер користејќи ја мојата клаузула. Поради односите што ги имам со сите овде. Таа бројка е таму, но никогаш нема да бидам оној што ќе го изберам. И ако нешто излезе, секогаш ќе има дискусија со клубот“, додаде стрелецот.