Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Барса ја губи битката: Останаа малку опции за регистрација на Олмо

27 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Барселона е во трка со времето да најде начин како да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната. Откако се дозна дека Стопанскиот суд бр.10 ја одбил жалбата на Барселона да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор за вториот дел од сезоната во Ла Лига, медиумите пишуваат дека Каталонците немаат многу опции во рака.

Според „Мундо Депортиво“, клубот најпрвин ќе ја чека одлуката на првостепениот суд, каде ќе се жали на 30 декември. Барса смета дека правилата за регистрација се неважечки, бидејќи тие се регулирани од тело (Комитет на делегати во Ла Лига) кој клубот го смета за некомпетентен.

Доколку Барса не може да го реши проблемот на суд, клубот ќе има само две опции плус за регистрација на играчите. Каталонците може да се обидат да продадат голем број ВИП места на Камп Ноу, а во тек се и преговорите со инвеститорите околу продажбата на дел од „Барса Вижн“. Исто така, еден или повеќе членови на одборот на директори можат да обезбедат регистрација на играчите со сопствени средства, како што беше направено претходно. Крајниот рок за пријавување е 31 декември.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ