Вејн Руни повеќе не е тренер на тимот на Плимут. Овој потег на менаџментот на тимот и не е за изненадување, ако се знае дека Плимут под водство на Руни има само една победа во 14 мечеви.
Со ова се става крај на уште еден обид, легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, и на репрезентацијата на Англија да стартува тренерска кариера. Истата на почетокот не дава позитивни сигнали, затоа што Руни веќе неколку пати се обиде да води клуб, но тоа не му поаѓа од рака.
Голем број на фантастични фудбалери едноставно не можат да се пронајдат како тренери односно менаџери и колку тоа побргу го сфатат, толку подобро за нив.