Доколку Марко Росе добие отказ на клупата на Ред Бул Лајпциг, тогаш на негово место ќе пристигне Рик Тен Хаг. Вакви се најавите по викенд бламажата на РБ Лајпциг на мечот против Волфсбург на кој тимот на Елиф Елмас загуби со 5:1, па јавноста сега бара одговорност. И воопшто на РБ Лајпциг сезонава не му оди најдобро, па можеби решението е токму Тен Хаг.
Тој пак, откако наплати милиони како отштета од Манчестер Јунајтед за неговата смена, сега чека некаква смена по топ петте лиги за да влета на ново работно место.
Па така, тој негов „преоден рок“ од едно место на друго можно е да има многу пократно траење отколку што првично се мислеше.
Холанѓанецот не се прослави на Олд Трафорд, па можеби во Лајпциг ќе има повеќе среќа. Што се однесува пак до Елмас, тој под палката на Росе има многу мала минутажа, па можеби евентуалната смена ќе му донесе и него поинаков развој на сезоната.
🚨 Erik ten Hag is on RB Leipzig’s list if they decide to sack Marco Rose.
(Source: @berger_pj) pic.twitter.com/2mLJgAISe4
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 3, 2024