Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Таткото на Нејмар со провокација: Мојот син не сакаше да биде поголем од Меси, затоа си замина од Барса!

24 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во летниот преоден рок во таа 2017 година, за рекордни 222 милиони евра, Нејмар си замина од Барселона и потпиша за ПСЖ. Тоа беше шокантен трансфер на Бразилецот, а таа сума како отшетета сеуште е рекордна и сеуште се говори за тој фамозен трансфер.

Па така дојде ред да проговори и таткото на бразилската мега – ѕвезда, Нејмар Сениор:

Заминувањето во ПСЖ беше негова одлука. Ми се чини дека во Барса го спремаа Нејмар да се најде на местото на Меси. Сепак тој тоа не го сакаше, едноставно мојот син не сакаше да биде поголем од Меси. Нејмар си замина само од таа причина, не сакаше да го преземе местото на Меси и да биде најголема ѕвезда во Барселона“ посочи покрај другото Нејмар Сениор.

Инаку Бразилецот беше дел од Барселона од 2013 до 2017 година и во тој период одигра 186 меча, постигна 105 голови и имаше 76 асистенции и освои се што можеше да се освои. Притоа познато е дека Нејмар и Меси се одлични пријатели.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ