Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Така се сака својата земја: На ден пред мечот доби ќерка, патуваше 5.000 км само за да брани и беше најдобар!

6 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сензационални 0:0 беа оние од Белград синоќа меѓу Србија и Шпанија во Лигата на Нации. Цела јавност во Србија си мислеше дека избраниците на Пикси ќе загубат катастрофално од европскиот првак ако се знае дека не играа најголемите ѕвезди на репрезентацијата. Сепа, Србија одигра 0:0, а херојот на овој натпревар беше Предраг Рајковиќ, голманот на Ал Итихад, кој блескаше на својот гол и беше играч на мечот.

Ништо ново од него, ако се знае дека станува збор за екстра квалитетен голман. Сепак тој ја воодушеви нацијата и поради нешто друго.

За разлика од некои негови колеги, па и од други репрезентации, Рајковиќ се покажа како голем патроит, како човек кој си ја сака својата земја.

Имено тој на ден пред мечот со Шпанија доби ќеркичка, трето дет по двата сина, и тоа не беше проблем, тоа не беа “семејни причини“ за него да откаже. Исто така патуваше 5.000 км од С. Арабија до Србија, само за да брани и беше најдобар.

Ете затоа сега цела спортска Србија го величи својот голман.

Јасно, со прашање – како тој може а не можат на пример Митровиќ и Сергеј?


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ