Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Сопствениците на Рома му дадоа доверба на Јуриќ

5 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иван Јуриќ ќе остане тренер на Рома. И покрај очајните игри и резултати последните недели, сепак, управата на клубот реши да му ја даде довербата на стратегот од Хрватска.

Рома игра неубедливо од почетокот на сезоната и по поразот од Верона се зборуваше за уште една тренерска смена. Дури имаше информации дека се преговарале со Масимилијано Алегри и Маурицио Сари како можни замени за хрватскиот стручњак. Со оваа позиција се поврзуваа и Роберто Манчини, Един Терзиќ, Френк Лампард и Пауло Соуса.

Рома има само една победа во последните пет првенствени натпревари и три порази бидејќи се наоѓа на незавидното 12.место.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ