Дали на повидок е мега – трансфер и повторно во главна улога да биде Реал Мадрид и Дон Флорентино? Останува да се види ама “Марка“ му порачува на првиот човек на Реал Мадрид да го ангажира Дани Олмо, Познао е во какви проблеми е Барселона кога станува збор за шпанскиот репрезентативец. Се помали се шансите тој и напролет да игра за Барса, па така сега “Марка“ која е блиска до “кралевите“ има порака до Реал.
“Флорентино, сега е време за магија“. Текст кој е директна порака Дон Флорентино да се ангажира и да и го “украде“ на својот вечен ривал, Дани Олмо.
“Некој друг претседател секако ќе се откажеше од Мбапе, но не и Флорентино. Сега на пазарот се отвара можност да се доведе Олмо, но за да затвори тој трансфер секако дека е потребна и тоа каква магија или вратоломија, а Перез тоа знае да го направи“ пишува “Марка“.