Маркус Рашфорд дефинитивно нема уште долго да биде дел од тимот на Манчестер Јунајтед. Напаѓачот не е веќе опција за тимот, откако Аморим е менаџер на Олд Трафорд и во првата прилика ќе биде продаден.
Тој е дете на клубот, и нема настапувано во друг дрес, освен во оној на Манчестер Јунајтед. Па нормално е, кога ваквиот развој на настаните е реалност, да биде тажно не само за самиот играч туку и за останатите.
Во тоа се согласува и легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс кој изјави дека секогаш кога дете на клубот ја напушта матичната средина е тажно да се види.
„Тажно е кога локалните момчиња нè напуштаат. Се сеќавам кога Дени Велбек си замина откако се почувствува несакан. Ситуацијата со Маркус Рашфорд е што пред две години имаше толку добра сезона кога постигна 30 гола. Тој веќе многу ги подигна очекувањата за себе, но сега не е ни блиску до она што го покажуваше пред 18 месеци или две години“, рече Сколс.
“Мислам дека ова е крајот за него. Тој во моментов не изгледа среќен, дури и кога ќе постигне гол. Почнуваме да се прашуваме што се случува со него. Дали тој добива доволно поддршка во соблекувалната? Немам начин да знам дека сето тоа започна уште во времето на Тен Хаг, кога тој доцнеше пред натпреварот со Вулверхемптон и беше изоставен од тимот, мислам дека неговите постапки на теренот и надвор од него не влијаеа позитивно и имаат удел во сетоа ова“ – рече Сколс.