Милан е голем клуб. Милан е гигант и во светски рамки, но Милан со последната одлука покажа како не треба. Имено како што самиот Ѕвоне Бобан кажа, клубот кој деновиве прославува 125-годишнина не го по поканил Хрватот на главната прослава во недела на мечот со Џенова на “Сан Сиро“.
Вечерва Милан игра дома со Црвена Звезда а самиот Бобан за “Скај Спорт“ изјави:
“Милан е историја. Милан е величенствен и фантастичен клуб. Кога Милан ме повика јас веднаш дојдов. До крајот на мојот живот јас ќе имам љубов кон клубот, но мора да кажам дека не сум повикан на прославата по повод 125-годишнината“посочи Хрватот.
Инаку Бобан не само што беше дел од тимот во златното доба на Милан пред три децении, туку пред извесно време беше и дел од раководството на клубот.
Па и од таму новите челници на Милан не го “мирисаат“ Бобан ако се знае дека тој ги даде на суд откако доби отказ и затоа сега треба да добие повеќе од 5 милиони евра како отштета.