Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Скамака со двата гола на „Енфилд“ постави италијански рекорд

12 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Џанлука Скамака имаше свое шоу на „Енфилд роуд“ во Ливерпул во меч од четвртфиналето на Лига Европа. Аталанта славеше над Ливерпул со 3:0, а напаѓачот постигна два гола. Поранешниот напаѓач на Сасуоло и на Вест Хем е првиот италијански фудбалер кој постигнал два гола на „Енфилд“ на клупско ниво. Севкупно е вториот Италијанец со два гола на култниот стадион во Ливерпул по Пјерлуиџи Казираги на ЕП 1996 година во дресот на италијанската репрезентација против Русија (2:1) на отворањето на шампионатот.

Интересно, Скамака имаше слаб период во Вест Хем и постигна само три гола во премиерлигашката кариера, а вчера на „Енфилд“ реализираше два. Оваа сезона тој во седум одиграни натпревари во ЛЕ постигна пет гола.
Тој се препороди кога се врати во Италија, а очигледно Аталанта му е фантастична средина.

Инаку селекторот на Италија, Спалети не го повика во националниот тим за мартовските пријателски средби со Венецуела и со Еквадор. Можеби сега ќе го промени мислењето.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ