Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Сити и Арсенал ремизираа – борбата за титулата станува уште поинтересна

31 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тактичко намудрување и малку фудбал на дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал во Премиер лигата. На крајот мечот заврши без победник но и без голови.
Во првото полувреме е видена една најдобра шанса за гол, во 15. минута Натан Аке можеше да постигне гол но Раја добро одбрани.
На отворање на второто полувреме Арсенал имаше шанса, Букајо Сака проби по десната страна нафрли до Габриел Жесус кој задоцни во реализацијата. Потоа се чекаше 80 минута за добра шанса, Халанд се најде во позиција но ја промаши топката.
Четири минути подоцна Ортега го брани ударот на Мартинели.
По ремито на „Етихад“ најмногу профитираше Ливерпул кој остана на првото место со 67 бодови. Арсенал е втор со 65 бодови, а Сити е трет со 64 бодови.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ