Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Шокантно: ФИФА планира да и го одземе Мундијалот на Шпанија во 2030?!

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Од седиштето на ФИФА доаѓаат вознемирувачки информации во врска со СП 2030. Имено познато е дека тој Мундијал ќе биде организиран од Уругвај, Аргентина, Парагвај, Мароко, Португалија и Шпанија. Но може лесно да се случи, а и ФИФА се заканува дека ќе ја тргне Шпанија од организатор и тоа поради фактот дека ФС на оваа земја веќе подолго време нема избрано претседател.

Од ФИФА велат дека состојбата мора да се врати во нормала, ако не тогаш мора да се преземат адекватни мерки. Секако дека ако ова се случи тоа ќе биде голем удар за Шпанија, земјата која е актуелен европски првак и земја во која треба да се играат завршните мечеви од СП 2030 година.

Инаку според планот на ФИФА, првите три меча, од вкупно 104, од Мундијалот би се играле во Аргентина, Парагвај и Уругвај, додека останатите во Мароко, Португалија и Шпанија каде е предвидено да се игра големото финале.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ