Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Самуел: Лекарите прават сѐ за да го оспособат Меси за четвртфиналето

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси се чувствува подобро и сите во репрезентацијата се надеваат дека тој ќе биде во ред за четвртфиналето на Копа Америка. Напаѓачот на „гаучосите“ го пропушти последниот натпревар поради повреда.

„Тој беше во соблекувалната. Ситуацијата се подобрува, но се уште е рано да се каже. Со него се рабори секој ден, разговараме и со лекарите“, изјави помошникот селектор на Аргентина, Валтер Самуел, кој го водеше тимот против Перу, бидејќи Лионел Скалони беше суспендиран на еден натпревар.

„Лео е добро, се надеваме дека ќе биде во тимот за следниот натпревар. Нему му го посветив мојот гол бидејќи знам што значи Лео за нас“, изјави Лаутаро Мартинез.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ