Мохамед Салах повторно ја предводеше екипата на Ливерпул во сензационалната победа од 3:6 против екипата на Тотенхем. Египќанецот постигна два погодоци и забележа две асистенции и повторно покажа дека е убедливо најдобриот напаѓач кој што некогаш играл во англиското првенство.
По победата Салах даде неколку коментари за натпреварот и за неговиот перформанс на истиот.
„Игравме прилично добро офанзивно, но во дефанзива мораме уште многу да работиме. Иако победивме, не смеевме да примиме три гола. Резултатот е добар, се надевам дека ќе продолжиме во истиот ритам. Очекувавме натпревар со многу шанси и погодоци. Знаевме дека тие секогаш играат отворено и дека ќе има шанси на двете страни. Сити дојде овде и се мачеше, а исто така и другите тимови. Мило ми е што победивме бидејќи ова беше навистина теќок меч“.
Салах исто така зборуваше и за тоа дека стана првиот фудбалер во историјата на Премиер Лигата кој забележал десет гола и десет асистенции пред Божик.
„Не размислував за тоа пред натпреварот, но мило ми е што успеав да го остварам тоа. Ова е нешто на што сум многу горд и ќе продолжам да работам напорно“.