Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Рој Кин со критика за Халанд: Играта му е на ниво на играч од четвртата лига

31 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сити одигра без голови против Арсенал, а Халанд оваа сезона против екипи од Топ 5 (Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Астон Вила) одигра шест натпревари и постигна само еден гол. Норвежанецот оваа сезона не е на нивото од минатата и покрај тоа што има 18 погодоци на 24 меча и шест во седум меча од ЛШ. Статистиката вели дека игра лошо во дуелите со најсилните екипи.
Критички настроен беше легендарниот Рој Кин, кој како стручен коментатор ја прокоментира играта на Халанд против Арсенал.
Ова беше многу лошо. Неговата севкупно игра е многу слаба. Пред головите е најдобар на светот, но вкупно тоа е многу лошо. Играта му е на ниво на играч од четвртата англиска лига. Мора да се поправи. А ќе се поправи, но мора да работи на тоа што побрзо“, изјави Кин.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ