Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ристовски и Адеми добиваат нов тренер

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Динамо Загреб го раскина  договорот со поранешниот тренер Сергеј Јакировиќ. Првиот тим на краток рок ќе го води до одлука за ново долгорочно тренерско решение поранешниот член на стручниот штаб Сандро Перковиќ.

Од клубот за кого настапуваат македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми побараа да не се шпекулира со имиња околу тренерското место.

“Од се срце му благодариме на Сергеј Јакировиќ за се што даде за нашиот клуб и му посакуваме многу среќа и успех во остатокот од кариерата. Апелираме до медиумите и јавноста да имаат разбирање кон Сергеј Јакировиќ и неговото семејство и да не ја влошуваат и онака стресната ситуација”.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ