Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Реал продава фудбалер кој во девет години одигра 31 меч

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Реал Мадрид летово ќе се обиде да го продаде Хесус Валјехо (27), објави шпанскиот Ас. Станува збор за дефанзивец кој кариерата ја започна во Реал Сарагоса, а мадридскиот клуб го доведе во 2015 година за пет милиони евра. Иако е под договор со Реал Мадрид девет години, Валјехо забележа само 31 настап додека беше позајмен во Ајнтрахт Франкфурт, Вулверхемптон и Гранада.

„Реал бара нов клуб за Валјехо и е подготвен да прифати ниска понуда“, велат шпанските новинари. Тренерот Карло Анчелоти не смета на Ваљехо, чиј договор важи уште една година. Со истекот на соработката, Валјехо би заминал бесплатно, како слободен играч, а на овој начин Реал може да добие некаква отштета.

Се вели дека Валјехо е „личност на која ништо не може да и се приговори“. Го опишуваат како „голем професионалец“ кој никогаш не се штедел на тренинзите иако бил далеку од статусот на првиот тим.

АС го фали што на дресот му го дал бројот 5 на Џуд Белингам и што напорно работел и за време на празниците, односно помеѓу две сезони. „Но, тоа нема да биде доволно“, истакнува Ас за Валјехо, кого Transfermarkt го цени на еден милион евра.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ