Фудбалерите на Реал Мадрид по четвртипат во историјата го освоија Интерконтиненталниот куп на ФИФА, откако во денешното финале во Доха ја совладаа мексиканска Пачука со 3:0 (1:0) и со тоа ја освоија титулата оваа година.
Шампионот на КОНКАКАФ пристигна како аутсајдер на мечот со Реал Мадрид, по големите подвизи против Ботафого и египетски Ал Алхи, доаѓајќи во ситуација да ги испише најсветлите страници на меѓународната сцена. Фудбалерите на мексиканскиот тим немаа сили за сензација, откако Реал по извонредната акција на Винисиус и Мбапе во 37. минута, Мбапе ја круниса со водство од 1:0 за Шпанците.
Сите надежи на мексиканскиот тим дека би можеле да направат сензација паднаа во вода во 53. минута кога Родриго постигна фантастичен гол за водство на Реал од 2:0.
Конечните 3:0 ги постави Винисиус со гол од пенал во 84. Минута.
Реал и го освои 15. трофеј во ерата на Карло Анчелоти на клупата на мадридскиот клуб.