Кога Кристијано Роналдо сака, сака и не му е важно колку чини. Португалецот на својата сопруга Георгина Родригез за Божиќ и подари луксузна чанта од 250.000 евра!!!
Кристијано Роналдо (39), ѕвездата на Ал Наср, одлучи да го помине зимскиот одмор во Лапонија, Финска со своето семејство. Роналдови на Бадник отворале подароци, а убавата Георгина била воодушевена од она што го добила од сопругот.
Шпанката на своите следбеници на Инстаграм го покажа подарокот што го доби оваа година за Божиќ.
- Мојот подарок пристигна - напиша покрај емоџито на Дедо Мраз, покажувајќи ја својата нова чанта Ерме, бела кожена Биркин(ка) со златни детали. Цената на таквиот примерок може да достигне и до 250.000 евра.
По таков подарок, на Кристијано Роналдо не му билотешко да ја однесе својата сакана на капење. Но, не во ладна вода, како што правеше два дена претходно, туку во топла купка, која ја документираа со фотографии и видео.
Ова парче е само уште едно во обемната колекција на ултра луксузни чанти на Георгина Родригез. Во исто време, тоа е и одраз на скапиот вкус на Роналдо, пренесува шпански Мундо депортиво.
Од колекцијата на чанти што ја има Георгина Родригез, се издвојува познатата „Diamond Himalaya Birkin“, која важи за најскапата чанта во светот, чија вредност достигнува импресивни бројки поради реткоста на материјалот и уникатниот дизајн. Направена е од крокодилска кожа и обложена со дијаманти и продадена за 450.000 долари во 2022 година.
„Со овој нов модел на Биркин, Георгина го зајакнува својот глобален имиџ како симбол на луксуз и елеганција. Несомнено, божиќен подарок достоен за една од највлијателните личности во светот на модата“, забележува гореспоменатото издание.