Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах е блиску до потпишување на нов договор со клубот, објави новинарот Никлоло Шира.
Според изворот, новиот работен договор ќе важи до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Актуелниот договор на играчот со клубот истекува во летото 2025 година.
Мо Салах оваа сезона одигра 24 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи 18 голови и 15 асистенции.