Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Полноќна “бомба“ во Сплит: Ракитиќ и официјално е нов член на Хајдук! (ВИДЕО)

21 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 

Готово е. Веќе нема дилеми. Иван Ракитиќ и  официјално е нов член на Хајдук. Ова на полноќ го објави хрватскиот гигант и ги израдува своите фанови дека во следната сезона белиот дрес на тимот ќе го носи еден од најдобрите хрватски фудбалери во историјата.

Интересно е тоа што Хајдук со специјално видео, супер идеа, го објави овој трансфер. Инаку наназад неколку денови се најавуваше овој трансфери конечно се оствари желбата Ракитиќ да игра за Хајдук откако го раскина договорот со Ал Шабаб од С. Арабија каде заработруваше 15 милиони евра по сезона.

Со ова тренерот Џенаро Гатузо доби фантастичен играч а и нашиот Александар Трајковски фантастичен соиграч.

Еуфорија во Сплит. Иван Ракитиќ е нов член на Хајдук.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ