Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

По седум кола без победа: Бохум го отпушти тренерот

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Германскиот бундеслигаш Бохум објави промена на тренерското место. Питер Зајдлер, кој беше предводник на тимот од почетокот на сезоната, вчера беше разрешен од функцијата поради слабите резултати на клубот.

Своето место го напушти и спортскиот директор Марк Летау.

По 7 кола тимот е на последното место на табелата во Бундеслигата. Во текот на денешниот ден се очекува клубот да излезе со информација и за новото тренерско решение. Медиумите во Германија шпекулираат со името на Давид Зиберс. 37-годишниот екс-фудбалер моментално е тренер на тимот до 19 години и беше опција за која клубот размислуваше „долго време“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ