Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Откако му истече договорот со Ливерпул одлучи да ги „закачи копачките“

7 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шпанскиот фудбалер Тиаго Алкантара летово се повлекува од фудбалот, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо. На шпанскиот играч за врска со Ливерпул му истече договорот и тој не сака да бара нов клуб. Алкантара се повлекува од професионалниот фудбал поради проблеми со повреди.

Минатата сезона одигра само пет минути на еден натпревар. Претходната сезона имаше 28 настапи, но не беше постојан член на првиот тим на тогашниот тренер Јирген Клоп. Шпанскиот играч за врска со италијанско потекло ја започна кариерата во Барселона, од каде замина во Баерн во 2013 година, а кариерата ја заврши во Ливерпул.

Со Баерн седум пати беше германски првак и еднаш европски првак. Со Барселона, тој беше и европски првак еднаш и шпански шампион четири пати. Со Ливерпул има еден Лига Куп од 2022 година. За шпанската репрезентација настапи на 46 натпревари за кои постигна два гола.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ