Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Олмо и официјално тргнат од тимот на Барселона

1 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

После 23:59 часот на 31 декември 2024 година, истече рокот за исполнување на условите за регистрација на играчот и Барселона не успеа да го стори тоа, картата со имињата Дани Олмо и Пау Виктор и броевите 20 и 18 повеќе не е на официјалната веб-страница на Ла Лига.

Таму е вратен Кристенсен. Картонот му беше отстранет во август поради тешка повреда. Благодарение на тоа Барселона би можела да го регистрира Олмо од третото коло во Ла Лига. Сега Данецот се опорави, а бидејќи Барселона не ги исполни условите предвидени со правилата за финансиски фер-плеј, враќањето на Кристенсен кај пријавените играчи значи дека меѓу нив повеќе го нема Олм.о

Лимитот на буџетот за плати на Барселона, наметнат од Ла Лига, значи дека Олмо и Виктор не можат да бидат пријавени за цела сезона, тоа беше можно само до 31 декември. Ла Лига вчера објави:

„Ла Лига информира дека до денес, 31 декември, ФК Барселона нема презентирано никаква алтернатива која, во согласност со прописите на Ла Лига за економска контрола, би дозволила регистрација на кој било играч од 2 јануари“.

Барселона и Ла Лига се во војна со најави, но засега е јасно кој е губитник
Барселона синоќа одговори со соопштение:

„ФК Барселона информира дека побарала нова лиценца од шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) за играчите Даниел Олмо и Пау Виктор. Исто така, клубот сака да негира дека побарал или добил мораториум од кој било друг орган за бараната регистрација“.

Барса сè уште чека одговор на барањето на претседателот Жоан Лапорта да ги почитува правилата на Ла Лига со продажба на ВИП места на реновираниот Камп Ноу и со тоа да обезбеди услови за регистрација на Олмо и Виктор. Иако Олмо од денеска може да го напушти клубот доколку не биде пријавен, но тој не сака да го стори тоа.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ