Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Официјално: Мамиќ јуниор оди во затвор и на Динамо треба да му врати два милиони евра

19 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Osijek, 291024. Na Zupanijskom sudu nastavljeno je sudjenje Zdravku i Zoranu Mamicu te ostalim optuzenicima u aferi Dinamo 2, u kojoj ih se tereti za izvlacenje 19,1 milijun eura iz nogometnog kluba Dinamo. Na fotografiji: Mario Mamic. Foto: Vlado Kos / CROPIX

Хрватските медиуми пренесуваат дека во моментов е донесена одлуката околу судењето на синот на Здравко Мамиќ, поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Марио, кој ја призна вината околу обвинувањата за нелегано извлекување на пари од клубот.

Мамиќ јуниор е осуден на четири месеци затворска казна и е обврзан со пресудата да плати три милиони евра казна. Од тоа 750.000 во вид на пенали, два милиони евра во касата на Динамо Загреб и судски трошоци од 70.00 евра.

Со ова се доаѓа до завршница на цел еден процес против семејството Мамиќ колективно, кој трае десетина години.

Погодности поради признаена вина

Марио Мамиќ според јавноста во Хрватска реално и добро мина што се однесува до казната, затоа што судот го зема во обзир фактот што тој ја призна вината. Тој и бизнисменот Сандро Стипаниќ признаа дека биле учесници во извлекувањето на парите од Динамо и биле дел од злосторничко здружение.

Откако и официјално беше подигнато обвинението со сите докази и обајцата ја признаа вината, и не ги оспоруваат доказите. Со клубот е склучен и договор како и на кој ќе се плати оштетата односно Мамиќ ќе ги враќа парите кој ги зел.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ