Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Даглас Луиз е нов играч на Јувентус

30 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јувентус го објави трансферот на 26-годишниот играч од средниот ред Даглас Луиз, кој во Торино доаѓа од Астон Вила. Договорот е до 30 јуни 2029 година, а трансферот го потврди и англискиот клуб.

„Добредојде во Јувентус, Даглас. Едвај чекаме да те видиме на теренот!“ – се вели во соопштението на официјалната веб-страница на Јувентус.

Минатата сезона бразилскиот фудбалер учествуваше на 54 натпревари на сите турнири, на кои постигна 10 голови и 10 асистенции.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ