Жозе Мурињо продолжува да ги полни страниците во медиумите во Турција кои едвај чекаат да Португалецот да направи ново шоу секој нареден меч за својот тим Фенербахче.
Токму синоќа, Фенер и Мурињо стигнаа до нов триумф во домашниот шампионат на Турција против Газијантеп на свој терен од 3:1. Интензивен меч во којн Фенер рано дојде до водство, за да гостите израмнат, а потоа ситуација спасуваше ветеранот Душан Тадиќ.
При прославата на голот помошникот на Мурињо замина да слави заедно со играчите, а Португалецот во свој стил го „фати за гуша“ и го врати на работното место.
and his assistant pic.twitter.com/IsqpqsOi2j
— 90'lıyım (@90liyim) December 2, 2024