Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Нов проблем за Тен Хаг, се повреди и Мејно

18 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мејно поради повреда нема да може да му помогне на својот тим на претстојните натпревари. Вест ја потврдија од редовите на „црвените ѓаволи“.

19-годишниот фудбалер има повреда што ја заработи на последниот премиерлигашки натпревар против Астон Вила (0-0), поради што мора да пропушти неколку недели.

Во исто време Алехандро Гарначо, Амад Диало и Нусаир Мазрауи, се вратија на тренинзите. Манчестер Ј. викендов ќе се сретне со Брентфорд во меч од новото премиерлигашко коло.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ