Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Никој како Карло: Не знае за пораз веќе 32 меча!

16 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Со победата над Реал Сосиедад во 5. коло од Ла Лига, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, собори уште еден рекорд. За него овој натпревар беше 32-ри по ред без пораз, што е нов личен рекорд.

Последен пат Реал Мадрид под водство на италијански стручњак загуби во јануари годинава во мечот со Атлетико Мадрид (2:4). Анчелоти со тоа ја подобри својата претходна најдобра серија без пораз во Реал Мадрид од сезоната 2013/2014 кога немаше пораз на 31 натпревар.

На мечот со Реал Сосиедад Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор погодија од пенал за победа на „кралевите“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ