Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Неверојатно – Ница по првото полувреме води со 6:0 против десеткратниот француски првак

20 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: x.com/ogcnice_eng

На отворањето на 5.коло во француската Лига 1 сензационален резултат. По првото полувреме Ница на домашен терен води против Сент Етјен со 6:0. Со тоа Ница е првиот тим во 21 век кој дал шест гола во едно полувреме во Лига 1.
Сент Етјен е десеткратен француски шампион, а во новата сезона тргна со три порази, па го победи Лил со 1:0, сега е пред четвртиот пораз.
Ница може да ја запише највисоката победа во историјата во Лига 1. Два пати победувал со 8:0 (Седан и Рен), а тоа се во далечните 1957 година и 1949 година.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ