Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Неверојатните бројки на Мохамед Салах на „Енфилд“!

26 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кога “Фараонот“ игра како што треба, тогаш и Ливерпул игра како што треба и победува. Мохамед Салах е клучот за сите успеси на “редси“ кои сега предводени од новиот стратег Арне Слот победија на првите два меча од новата сезона во ПМФЛ.

Слот со ова го повтори достигнувањето на Греам Сунес од 1991 година.

Но сепак главна фаза е Салах кој зад себе има неверојатни бројки посебно кога се игра на „Енфилд“ на мечеви од Премиер-лигата.

Вчера против Брентфорд тоа беше негов 128 меч во ПЛ на „Енфилд“. И на тие средби успеал да постигне 93 голови и 35 асистенции, значи вкупно 128.

Од ова произлегува дека „Фараонот“ во просек на секој меч, како играч на Ливерпул на Енфилд, или постигнувал по еден гол или пак имал по една асистенција.

Неверојатно.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ