Многу врева се крена во Италија по повод викенд дербито помеѓу Интер и Наполи. Истото заврши со резултат 1:1, но можеше многу лесно домаќинот и да победу, доколку Хакан Чалханоглу го реализираше пеналот во вториот дел. Турчинот го промаши, а сега јавноста во Италија шпекулира околу веродостојноста на истиот. Поточно дали воопшто постоеше.
„Газета дело спорт“, пренесува дека судиската комиција оценила дека Маурицио Маријани, арбитарот на дуелот, престрого ја досудил најстрогата казна и дека истиот ќе сноси санкции поради тоа. Џанлука Роки, претседателот на судиската комиција тоа ќе го потврди, а Маријани поради сето ова одреден период наместо во Серија А, ќе суди во Серија Б.
Роки призна дека италијанските судии прават премногу вакви грешки, но повика на поголема толеранција
„Мораме да размислуваме да правиме помалку грешки, а исто така да бидеме повнимателни и максимално толерантни, бидејќи без почит кон судиите ризикуваме да создадеме страшно негативна амосфера во шампионатот. Не можам секој пат да свикувам прес-конференција кога ќе се случи вакво нешто. Ако некој направи јасна грешка, ќе ја признаеме подоцна“, коментира Роки.