Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардола е воодушевен од идејата на најжестоките навивачи на екипата кои спремиле кореографиja коja ќе бидe видливa во сабота на домашниот меч со Фулам во Премиер лигата.
Навивачката група со име „Група 1894“ платила околу 1200 евра за да спреми голем транспарент за мечот со Фулам, а се работи за кореографија со која тие јавно ќе го замолат Пеп Гвардила да остане во клубот.
Договорот на Пеп со Сити истекува наредното лето и се чини дека тука ќе биде крајот на неговиот престој на „Етихад“, но навивачите бараат од него да остане уште.
Гвардиола дознал за намерата на навивачите па на прес-конференцијата најави дека ќе ги плати сите трошоци за кореографијата.
„Ќе видам дали ќе останам. Мора да ми донесат сметка, јас тие транспаренти морам да ги платам. Што да ви кажам? Се заљубив уште првиот ден кога дојдов овде, па ќе видиме што ќе биде. Многу ви благодарам“, изјави шпанскиот тренер.
Pep Guardiola asked about @WeAre1894/@9320pod raising £1,000 for a banner asking him to stay: “They have to give me the bill, I will pay for the banner! Thank you so much! I FELL IN LOVE THE FIRST DAY I CAME HERE!” 🥰 pic.twitter.com/bWmVgUvWEW
— City Report (@cityreport_) October 4, 2024