Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Најдобриот асистент од шкотската Премиерлига потпиша за Брајтон

26 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Англискиот премиерлигаш Брајтон го ангажираше Метју О’Рајли од Селтик како ново засилување во летниот преоден рок. Клубот денеска го претстави новото име во своите редови, но не ја откри висината на трансферот.

Според Скај Спорт, Шкотите поставиле нов клупски рекорд по продажна цена на играч, што значи дека „галебите“ добро ја одврзале „кесата“ за да го добијат О’Рајли, ако се знае дека досегашниот рекорд на Селтик беше продажбата на Жота Невес за 25 милиони фунти во Ал Итихад од Саудиска Арабија.

О’Рајли минатата сезона имаше 18 гола и 11 асистенции на 37 натпревари од шкотската Премиерлига.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ